Кросфит Скопје организира Работилница по Олимписко Кревање на Тегови

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

За прв пат во Македонија, КросФит Скопје организира работилница за Основи на Олимпиското Кревање на тегови. Тука ќе имате можност да ги научите и усовршите основните движења на овој дрвен Олимписки спорт, терминологијата која се користи, најчестите грешки кои се прават при вежбање, 16 часа активно увежбување на движењата.

По завршување на оваа работилница следи напреден дел кој ќе биде организиран во соработка со КросФит Загреб.

[video:http://www.youtube.com/watch?v=IK11nH8Wi40&feature=share&list=UUYi1kkX3p1E7ds_8Fx89yfA]

Првата работилница ќе се одржи на 19 и 20 Април. Терминот за напредната работилница дополнително ќе се одреди. Предност на напредната работилница ќе имаат оние кои ја поминале првата основна работилница. Местата се ограничени на 20 учесници.

Придобивки од работилницата:

– Ќе ги научите основите на Олимпиското Кревање на тегови,
– Ќе научите да бидете безбедни додека вежбате,
– Ќе ви помогне да бидете поуспешни во изведувањето на КросФит вежбите,
– Ќе го стимулирате вашето тело во градењето на снагата,
– Ќе го убрзате процесот на топење на телесните масти,
– Ќе увидите колку сте мобилни, флексибилни и колкав е вашиот работен капацитет!

Распоред:

Ден 1:
09:00 – 17:00 часот (Основни движења, методика на изведување на Подигнување (Clean), Исфрлање (Jerk), Извлекување (Snatch))

Ден 2:
09:00 – 17:00 часот (Грешки при движењата, Пракса + Тренинг во Clean & Jerk, Snatch со вклучена анализа (користење на софтвер за анализа) на грешките при вежбање)

Со вас задолжително носете:
1. Соодветна облека за тренинг (доволно маици за пресоблекување поради високата динамика на теорија и пракса)
2. Шишенце за вода (ние ја обезбедуваме водата)
3. Желба за учење („Човекот се учи додека е жив”, ние додаваме „Само ако сака”)
4. Незаборавајте да го оставите вашето ЕГО (дома или било каде) пред да дојдете на тренинг!
Цена:
6000 ден (3000ден за членовите на Кросфит Скопје)

Контакт и пријавување на :
[email protected] со назнака за Работилница за Олимписко Кревање на Тегови

Автор

Дејан

Скопје

Македонија