Победа за Мартин Јовановски на Промахи Опен (Видео)

Од 13ти до 15ти Април во Грција се оддржа интернационалниот натпревар Прхомахи Опен, каде што македонскиот тим на параглајдеристи постигнаа огромен успех со победа во сите категории, победник на натпреварот беше Мартин Јовановски со прво место и во сериска категорија, а прво место во спортска категорија беше Дарко Станковски. Исто така со одличен настап беа и Ѓорѓи Ристовски и Борјан Јовановски со резултат во првите 10. Добар натпревар имаше и Александар Ангеловски со 6-то место во EN-B категорија.

Ова беше тридневен натпревар со 2 трки. Трките беа по 50-тина километри долги а арената за натпревар беше долината Воден, помеѓу Лутраки и Фустани каде што имаше одлични услови за спортско летање. Одличната организација од страна на клубот Fly Pella и гостоприемството на локалното население допринесоа овој настан да биде целосно успешен.

На овој натпревар покрај натпреварувачи од Грција учество земаа 65 пилоти од Русија, Бугарија, Германија и Полска, а Македонскиот тим по долга пауза се појави во полн состав на еден интернационален натпревар и покажа дека ги има сите потенцијали за добри резултати на светско ниво во годините што следат.

Резултати

Резултати спортска класа

Дарко и Борјан пристигнуваат во цел.