5 тајни за животот од долговечните луѓе

Професорот Карл Пилемер, од Универзитетот Корнел, во својата книга „30 лекции за животот” напишал совети и искуства од најстарите Американци, а од нив ние издвоивме пет многу едноставни тајни на луѓето кои живеат подолго.

Професорот го анализирал начинот на живот кај луѓето што подолго живеат, така што биле опфатени 1.500 луѓе на возраст од 70 до +100 години.

Запомни дека животот е краток!

Професорот Пилемер студијата ја започна со едноставно прашање: „Кои се најважните лекции што сте ги научиле во животот?” Испитаниците работеле на различни работни места во текот на својот живот, имале различен статус, богатство и семејство. Но, сите го дале истиот одговор: Животот е краток.

Работете го она што го сакате!

Многу од неговите испитаници минале низ многу тешки економски времиња, но на младите им препорачуваат да обезбедаат сигурни работни места, кои се добро платени. Нивниот совет: Направете тоа да биде работа во која ќе уживате!

Погрижете се за своето здравје!

Модерната хронологија, нездравиот и стресен живот не значи дека наскоро ќе умрете, но ќе ви се намали квалитетот на живот. А учесниците на прашањето за здравствената заштита главно давале ист одговор: „Однесувајте се кон вашето тело како да ќе ви биде потребно во наредните 100 години”.

Бидете среќни и покрај тешките времиња!

Студијата исто така покажа дека е важно да се знае дека ние сме одговорни за нашата среќа. Професорот вели дека тука е и фактот што учесниците на студијата, исто така доживеале такво нешто. Тие ги советуваат младите луѓе кои нивните животи ги ставаат во мирување и планираат дека еден ден ќе бидат среќни кога ќе завршат факултет, кога ќе имаат семејство, кога ќе се вработат и слично, едноставно да уживаат во моментот додека чекаат подобро утро, и покрај тешките времиња.

Бесмислено е да чувствувате жал за минатото!

Учесниците во студијата малку го изненадија професорот Пилемер со одговорите на прашањето за тоа што воглавно не е во ред со вашиот живот? Иако таму се очекувало одговор поврзан со брачните проблеми, или проблеми со работата, тие одговориле нешто сосем различно како „Жал ми е што сум бил многу загрижен за некои работи кои што не ми се важни во сегашноста”.