Фати ја моќта на ветерот – фото натпревар

Дувна ветре развигорче… Е сега, ако го фатиш во слика можеби ќе фатиш и награда од 1000 евра. Имаш време до 21 мај!

На 15ти јуни се слави глобалниот ден на ветерот, па во чест на ветерот, а со него и чистата енергија, моќта и можностите што ги овозможува, се отвори глобален фото наптревар наменет за фаќање на моќта на ветерот.

Натпреварот го отворија WindEurope i Global Wind Energy Consil (GWEC) како дел од активностите кои ќе се случуваат на 15ти јуни. Фото натпреварот го носи името “Фати ја моќта на ветерот” и има три категории наменети за сликање:

  • Ветерот и природата
  • Ветерот работи
  • Ветерот на море

Победниците со најдобрата фотографија во секоја од трите категории ќе добијат по 1000 евра. Добитничките фотографии ќе бидат објавени на веб страниците на WindEurope и GWEC како и низ социјалните медиуми.

За да учествувате на натпреварот посетете ја веб страницата на глобалниот ден на ветерот. клик тука.  https://globalwindday.org/photocompetition/

Натпреварот е отворен за сите полнолетни љубители на фотографирањето , без разлика дали сте аматери или професионално се бавите со фотографирање. Фотографиите мора да се направени во последните 3 години и тие да бидат ваше оригинално дело. Можете да испратите до 6 фотографии во апликацијата.

За сите детални правила на учество кликајте овде.

https://globalwindday.org/photocompetition/terms-and-conditions/