Семос стипендија за оригинални #НаТочак креации
Центарот за компјутерска обука Семос едукација има тековен конкурс кој трае до 28.04.2017 за две целосни и две делумни стипендии на тема #НаТочак.
Може да се аплицира во две категории за стипендија која важи за 2017/2018та учебна година.
- Графички дизајн (ќе бидат доделени 2 стипендии: 1 целосна + 1 делумна)
- Веб дизјан (ќе бидат доделени 2 стипендии: 1 целосна + 1 делумна)
Кандидатот треба да аплицира на официјалната e-mail адреса: [email protected].
На конкурсот се бара ОРИГИНАЛНО КРЕАТИВНО РЕШЕНИЕ на тема „#НаТочак” дополнето со есеј за идејата. Решенија кои се копирани и не се оригинални дела нема да влезат во изборот.
Апликацијата треба да ги содржи следните податоци:
- Податоци за кандидатот (име и презиме, телефонски контакт и за која категорија аплицира);
- Есеј за темата (максимум 400 збора);
- За категоријата Графички дизајн: Идеја/Концепт/Решение на темата во форма на цртеж, дизајн на постер, фотографија, илустрација, анимација, видео…
- За категоријата Веб дизајн: Идеја/Концепт/Скица за веб страна или веб/мобилна апликација…
Конкурсот е отворен за сите кандидати на возраст од 18+ години.
Вредноста на целосната стипендија изнесува 2.450 евра, додека вредноста на делумната стипендија изнесува 1.000 € (Академијата го задржува правото да не ги додели овие стипендии.)
Академијата за дизајн има формирано стручно жири од професори кои ќе донесат одлука за најоригинално, најкреативно и целосно решение за доделување на предвидените стипендии.
Кандидатите, чии апликации ќе влезат во избор на стипендија, ќе бидат повикани на тестирање во Академијата за дизајн.
Повеќе информации на следниот линк.