Култни рецепти со БИОкулт
Бургери и мафини од хељда
Одлично безглутенско хељдино дуо со многу нутрициски придобивки, органско и гарантирано вкусно за јадење.
- 11/2 шолја органска хељда во зрно
- 3 шолји вода
- 2 големи слатки компири
- 1 голем морков
- 1/4 шолја органски танин
- 4 лажици органско сусамово масло
- 1 лажичка хималајска сол
- 2 лажици соја сос
- органски сув магдонос
- 1 голем кромид
Бургери од сладок компир и хељда
1 Слаткиот компир се лупи, се сече на коцки, се вари и се пасира. Потоа се остава на страна да се олади.
2 Во меѓувреме во зовриена вода 3:1 се вари хељдата на среден оган додека водата не испари (околу 15 минути).
3 Кромидот и морковот се сецкаат на мали парченца или со сецко, а потоа се динстаат на среден оган во тавче со малку масло додека не омекнат.
4 Во тавче се додаваат сите останати состојки и кратко се мешаат.
5 Се оформуваат бургери од смесата и се ставаат во тава на мрсна хартија за печење.
6 Се печат во рерна на 180 степени, 20 минути од едната страна, па 20 минути од другата страна.
- 1/2 шолја органско брашно од хељда
- 1/2 шолја БИОкулт ливадски мед
- 1 лажичка органски цимет во прав
- 1/4 лажичка хималајска сол
- 1 пасирана банана
- 1 излупено и пасирано јаболко
- 1/2 шолја мелени ореви
- 4 јајца
- 2 лажички органско пециво
Мафини од хељда
1 Рерната се загрева на 180 степени и се подготвува тава за мафини со хартиени додатоци во секоја дупка за да не се залепи смесата (испаѓаат околу 12 мафини).
2 Во длабок сад се мешаат сувите состојки: брашно, пециво, сол и цимет.
3 Во друг сад се мешаат течните состојки: јајцата, медот, и бананата.
4 Се истураат течните состојки во сувите и смесата се меша.
5 На крај се додаваат пасираното јаболко и мелените ореви и се меша целата смеса додека не стане хомогена.
6 Смесата рамномерно се распоредува во подготвената тава и се пече околу 30 минути додека мафините не станат златно кафени.