3 вкусни рецепти со овесни снегулки

Во последно време од сите страни слушaме дека јаглехидратите треба да се избегнуваат наутро и дека најдобра комбинација се масти и протеини. Но има и индивидуални ставови дека јаглехидратите во форма на овесни снегулки се фантастична опција за појадок.

Овесните снегулки се одличен извор на комплексни јаглехидрати и влакна, а покрај појадок, може да се конзумираат како оброк пред тренинг. Во 100 грама овесни снегулки има 350 калории. Доволно е да се внесе 40-60 грама на оброк. Овесните снегулки се идеална неутрална база за безброј вкусни комбинации и ја оправдуваат тезата дека здравата кујна може да биде интересна и вкусна.

Пробајте ги трите рецепти со овесни снегулки кои ги препорачуваат Polleo Sport експертите.

ЗДРАВИ ПАЛАЧИНКИ

Состојки

– 75 гр овесни снегулки
– 3 јајца
– 1 банана
– 1 мала лажичка сода бикарбона
– 1 мала лажичка цимет
– 30гр протеин по желба

Подготовка

1 Сите состојки во миксер измешајте ги и печете ги на веќе загреана тава.

2 Палачинките печете ги како американски палачинки, 1-2 минути на една страна и 20-60 секунди на другата страна.

3 Палачинките може да ги јадете со путер од кикирики, протеински крем или сируп од тројно чоколадо/рафаело со 0 калории од Polleo Sport.

МАФИНИ СО ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ


Состојки

– 120 гр овесни снегулки
– 2 јајца
– 2 банани
– 2 лажички прашок за пециво
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка цимет
– 4 дл бадемово млеко

 Подготовка

Бананите згмечете ги и додадете ги во јајцата и бадемовото млеко.

2 Смесата додадете ја во сувите состојки и измешајте.

3 Потоа ставете ја во калапи за мафини и на врвот додадете овошје, црно чоколадо или јаткасти плодови.

4 Печете 20 – 25 минути на 180°.

ОВЕСНИ КОШНИЦИ


Состојки

За кошници…
– 120 гр овесни снегулки
– 2 лажици мед
– 2 банани
– 1 лажичка цимет
– 1 лажица мелени ореви
– малку сол

За крем…
– 4 лажици јогурт
– пола цеден лимон
– 1 лажица чиа семе
– кора од лимон

За протеински крем…
– 4 лажици грчки јогурт
– дозерка протеин од ванила или јагода

 Подготовка

1 Згмечете ги бананите и поврзете ги со другите состојки.

2 Смесата ставете ја во калапи за мафини и печете 15 мин на 180° – со тоа ќе направите кошнички.

3 Кошниците наполнете ги со крем по избор и додадете овошје по желба.

Автор

Polleo Sport

Скопје

Македонија