Последици од недостаток на витаминот Б12

Витаминот Б12 е еден од најсложените витамини во човечкото тело поради својата хемиска структура и неговата неопходност за човекот. А недостатокот на овој витамин може да доведе до повеќе здравствени проблеми.

Луѓето кои страдаат од деменција најчесто имаат недостаток од овој витамин. Важен витамин што не се синтетизира од растенијата или животните, туку само од неколку видови на бактерии. На пример, микрофлората го синтетизира витаминот Б12 во доволни количини, па затоа основен извор на овој витамин е нутрициска исхрана од животинско потекло.

Го има во црниот дроб, бубрезите, срцето и мускулите, бидејќи витаминот произведен во нив се акумулира.

Извор на овој витамин се рибите, јајцата и други производи од животинско потекло.

Вегетаријанците може да имаат здраствени проблеми од недостаток на витаминот Б12, бидејќи не се хранат со животински производи. Вегетаријанците кои консумираат најмалку млеко и јајца, внесуваат доволно витамин Б12 и негативните ефекти од недостигот на овој витамин ретко би се појавиле.

Витаминот Б12 е чувствителен на надворешните влијанија и на телото му треба мала количина на овој витамин кој е од витално значење.

Ефекти од недостаток на витамин Б12

Недостаток на витамин Б12 може да се провери во лабораторија, бидејќи крвта ќе има помалку црвени крвни клетки. Покрај тоа, ќе има проблеми со создавањето на нови клетки и ќе дојде до невролошки проблеми.

Чести симптоми при недостаток на овој витамин се општи знаци на слабост, блед изглед, аритмија, проблеми со дишењето, брз замор.