5 природни начини за намалување на крвниот притисок

Веќе секој трет возрасен човек има проблем со крвниот притисок, што од генетика што од преживеани стресови. Лековите можат да помогнат при регулирање на крвниот притисок, но постојат и неколку природни начини што може да ви ја олеснат на тензијата.

1. Вежбајте

Редовната физичка активност на телото му носи низа здравствени придобивки, а една од нив е стабилизирање на крвниот притисок. Според медицинското списание на Мајо Клиниката, вежбање околу 30 минути дневно го намалува крвниот притисок 4-9 mmHg. Физичката активност, исто така помага при зајакнување на срцето.

2. Дишете побавно и полесно
Дишењето полека и подлабоко може да ви помогне да се релаксирате и да го намалите крвниот притисок. Техниките за дишење може да ги подобрат отчукувањата на срцето и да ги направат артериите пофлексибилни.

3. Релаксирајте се
Кога чуствувате дека сте под стрес, тоа предизвикува и штета на срцето. Некои истражувања укажуваат дека прекумерната здодевност или стресот може да го зголеми ризикот за развој на срцевите проблеми. Хормоните што се создаваат кога телото се бори против стресот го менуваат ритамот на срцето и ги стеснува крвните садови, а со тоа се зголемува и крвниот притисок. Ако сте под стрес, пробајте некои техники за релаксација како што се јогата и медитацијата.

4. Ограничете го консумирањето на кафе и алкохол
Иако консумирањето на алкохол во умерени количини за срцето има придобивки, предозирањето може привремено да го зголеми крвниот притисок и да предизвика други здравствени проблеми. Ограничување на кафето, исто така, може да помогне за намалување на крвниот притисок. Ако не се чувствувате добро, обидете се да избегнете втора чаша кафе во текот на денот.

5. Консумирајте повеќе чај
Консумирањето на чај на долги стази може да го подобри крвниот притисок. Во 2014 е направено едно истражување каде се анализирани 26 лица за да се види поврзаноста на пиењето чај со крвниот притисок. По 12 недели, на луѓето што учествувале во експериментот систолниот крвен притисок им се намалил за 2.6 mmHg, а дијастолниот за 2.2 mmHg.

Всушност, зелениот чај е најдобар за намалување на крвниот притисок и затоа често се препорачува.