БАЛКАНСКО ПРВАНСТВО ЗА ДЕЦА ОД 11 ДО 14 ГОДИНИ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ - ЦРНА ГОРА

Бронза со златен сјај

На одржаното балканско прванство за деца 29-31 мај 2015 во Херцег Нови – Црна Гора, Абдурахим Идризи од К.К. Форца во дисциплината кати во многу силна конкуренција се закити со бронзен медал

На одржаното балканско прванство за деца 29-31 мај 2015 во Херцег Нови – Црна Гора, Абдурахим Идризи од К.К. Форца во дисциплината КАТИ во многу силна конкуренција се закити со бронзен медал.

Во оваа категорија учествуваа поранешни балкански прваци и вицепрваци како што се: турчинот Кара, нашите Васиќ и Бановски, хрватот Кошчевиќ, браќата близнаци Хартл од Словенија, србинот Калачун.

Идризи во првото коло се сретна со босанецот Смајловиќ Малик кого со катата Енпи го декласираше со 5-0, во второто коло се се сретна со србинот Вукобрадовиќ кого со Гоџушионшо исто така го совлада со максимален резултат 5-0, во третото коло го пречека словенечкиот првак Јан Хартл кого со катата Канкушо го победи со 4-1, во полуфиналето се сретна со веќе познатиот Турски и балкански првак Јусуф Кара, Идризи ја изведе катат Унсу, имаше прекрасна изведба, иако сите се сложиа дека Идризи беше подобар од турчинот, сепак судиите беа наклонети кон турчинот, и  загуби тесно 3-2, така откако турскиот претставник влезе во финалето, Идризи мораше да се бори во репасаж за бронзен медал, тука се сретна со хрватот Кошќевиќ, изведувајќи ја катата ганкаку, го совлада со 3-2, и се закити со бронзен медал. Поради тоа може да се заклучи дека оваа бронза има златен сјај.