Велигден – Велик ден за СКК Екстрем

На 11.04.2015, на ден Велигден членовите на СКК Екстрем качуваа во Демир Капија на секторот Вардарска Сахара.

Поголемиот дел од насоките на овој сектор се со потешки оцени, над 7а и подолги од 25 метри. Секторот е одличен за тренинг за сите што сакаат да го подигнат нивото на качување.

Голем успех на парот Ичи и Маја, во ист ден успеаа да ги искачат проектите што ги вежбаа долго време.

Маја Петровска ја качи насоката „Џелат” со оцена 7b+, со што станува прва Македонка до качена насока со оваа тежина.

Ивица Јовановски – Ичи ја качи најтешката насока на овој сектор „Porosenok”. Оцената е од околу 8а. Не може да се оформи конечна оцена бидејќи е прво искачување, па ќе чекаме уште неколку успешни искачувања за да ја оцениме насоката.