Weight Loss Challenge

Предизвик за губење килограми

Нека најголемиот губитник стане најголем победник!

<ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ ТУКА>


Што е всушност WELLNESS ПРЕДИЗВИК или ШКОЛА ЗА ПРАВИЛНА ИСХРАНА?

Тоа е глобален проект кој трае 12 недели, со стратегија, секој од учесниците дојде до својата посакувана цел (верувамe дека имате цели), на крајот ќе има и победници и награди за прво, второ и трето место, секоја недела се состануваме 30 минути и за време на тие состаноци оние кои ќе се пријават добиваат комплетна едукација за здравиот начин на исхрана, ќе учиме за ПРОТЕИНИ, ЈАГЛЕХИДРАТИ, МАСТИ, ВОДА, КАЛОРИИ, ПАЗАРЕЊЕ НАМИРНИЦИ и уште 6 други теми, секој ќе добие БЕСПЛАТНА ПЕРСОНАЛИЗИРАНА ПРОГРАМА НА ИСХРАНА прилагодена според своите цели. 

Ќе добиете и бесплатно комплетна анализа на вашето тело:

– Килограми.

– Процент на мускули: колку од нашите килограми се мускули.

– Процент на поткожни масти: колку од нашите килограми се масти.

– Висцерални масти: тоа се мастите кои се наоѓаат помеѓу нашите витални органи и имаат одредена функција, но тие треба да бидат во одреден процент, зголемувањето на висцералните маснотии од 1% го зголемува ризикот од покачен крвен притисок, кардиоваскуларни  заболувања и дијабетес тип 2. Со намалување на процентот на масни наслаги се стабилизира делувањето на инсулинот и општо се редуцираат заболувањата во организмот.

– Базален метаболизам: енергијата што ја троши телото кога мируваме за одржување на температурата и на клеточните процеси и е неопходна за организмот да  функционира се вика базален метаболизам.

– Протеински внес: колку грама протеин дневно ни се потребни.

– Процент на вода: количина на вода која ни е потребна дневно.

– Процент на коски: колку од нашите килограми отпаѓа на коските.

– Метаболичка возраст: Размена на материите се намалува кога ќе наполниме 16-17 г. Метаболичката возраст покажува на кое ниво се наоѓа нашиот метаболизам во моментот. Всушност таа ни кажува колку е стар нашиот организам.

Зошто е важна метаболичката возраст?

Ако е повисока од биолошката возраст, тоа значи дека треба да се зголеми размената на материи во телото.

Тоа се постигнува со зголемување на физичките активности и со подобрена исхрана преку додатоци во исхраната. Пред сè со зголемен внес на растителни протеини за да изградиме чиста мускулна маса која согорува повеќе калории,а на тој начин се намалува метаболичката возраст. Таа треба да е пониска од фактичката возраст и да не е поголема од 40 години.

Зошто е важно да се знаат и подобрат вредностите на телото?

Нашето тело е единственото место во кое мора да живееме и треба да бидеме свесни во каква состојба е истото. Позитивната вест е дека не е важно во каква состојба е сега, туку во каква може да го доведеме, а тоа е НАЈДОБРАТА можна!

И за да преминеме од информации и знаење на акција сакаме да Ве поканиме на Weight Loss Challenge каде што ќе Ви помогнаме да ги постигнете целите и да ги загубите килограмите кои што Ви создаваат главоболки. 
 

<ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА>