Хималајска сол

Се создала пред околу 250 милиони години во најголемиот енергетски центар на Земјата – Хималаите. Извонредно е чиста, со розова боја што се должи на атомите на железо и други атоми вклучени во нејзината кристална решетка. Со секојдневното користење на оваа наместо стандардната готварска сол, добивате многу повеќе отколку што очекувате.

Хималајска кристална сол /ХКС/ е најчистата сол на планетата богата со многу минерали и енергија. ХКС содржи 84 видови минерали, односно 84 вида вибрации, кои човечкиот организам лесно ги апсорбира затоа што се во колоиден раствор. Земајќи 1% раствор на ХКС ние всушност ја земаме основата на животот во најенергетска и лесно апсорбирачка форма.

Прекумерната употреба на класичната готварска сол, може да доведе до нарушувања во кардиоваскуларниот систем, задршка на вода и прекумерена телесна тежина. Готварската сол која ја користиме е натриум хлорид со додадени алуминиумски соли (причина за Алцхајмер!), апсорбирачи на влага и други неприродни коригенси и адитиви. Секој излишен грам сол задржува 23 грами вишок на вода во телото, што се појавува како целулит и клеточно дехидрирање. Воедно, телото се обидува да се ослободи од прочистениот натриум хлорид при што го складира во зглобовите, крвните садови и другите органи. Ова може да доведе до воспалување на зглобовите, артритис, камења во бубрезите. 

Морската сол не е најдобриот избор по готварската, бидејќи морињата се претворени во депонии за штетни и токсични материи. Од друга страна, минералите во морската сол не се поврзани во кристалната решетка на солта во колоидална форма, туку се само измешани со неа и практично се бескорисни и тешки за апсорпција.

Затоа, во исхраната ја препорачуваме хималајската сол која содржи железо, сулфур, калиум, калциум, магнезиум и други елементи неопходни за организмот. Овие минерали се поврзани на хармоничен начин и лесно се апсорбираат без да се троши енергија. Содржината на натриум е на пониско ниво и затоа солта не ја задржува водата во организмот. ХКС е многу полезна во бременоста како за мајката така и за бебето, бидејќи го зголемува нивото на енергија и ја подобрува структурата на амниотичната течностИстите 84 минерали и микроелементи во иста пропорција се содржат во крвта на секој човек.

Хималајската сол помага за:

• Регулирање на содржината на вода во телото.
• Балансирање на вишокот киселост од вашите клетки, посебно од мозочните клетки.
• Помага во генерирањето на хидроелектричната енергија во клетките од вашето тело.
• Апсорпција на парчињата храна во вашиот интестинален тракт.
• Помага во чистењето на слузните наслаги од вашите бели дробови – посебно корисно кај астмата и цистичната фиброза.
• Дејствува како силен антихистамин и помага во чистењето на наслагите во вашите синуси.
• Превенција на грчеви во мускулите.
• Ја прави цврста структурата на вашите коски. Oстеопорозата може да се појави кога на вашето тело му е потребно повеќе сол која ја зема од вашите коски.
• Регулирање на вашиот сон – таа е природен хипнотик.
• Одржување на вашето либидо.
• Спречување на проширени вени и испукани капилари на вашите нозе и бедра.
• Врамнотежување на неправилно срцебиење – во комбинација со водата, таа всушност е есенцијална за регулација на вашиот крвен притисок.Широкиот спектар на елементи во хималајската сол формираат соединеие во кое секој молекул е поврзан меѓу себе. Поврзаноста овозможува вибрационата компонента на 84-те минерали во траги и елементите присутни во солта да бидат во хармонија меѓусебе и да го засилат балансирачкиот ефект на солта. Кога станува збор за холистичката моќ на природната сол, никоја друга сол не може да се споредува со хималајската кристална сол зашто:
• Таа е од највисокиот степен на природна сол.
• Под електронски микроскоп, кристалната сол има совршена кристална структура.
• Се вади и мие рачно.
• Кристалната сол е имуна на електромагнетното поле.
• Кристалната сол не содржи околински загадувачи.

Автор

BIOkult

Скопје

Македонија