Качување на Пелистер преку мојот објектив

Викендот што измина екипа од Скопје замина во поход на третиот највисок врв во Македонија – Пелистер (2601 метар). Од подножјето навидум времето беше одлично, но не претпоставивме дека истото ќе се влоши, ветришта од по 60-70 км на час, замрзнати капки дожд и лизгави остатоци од снег. 

Пристигнувајќи на врвот сето тоа помина, но ветрот остана да не следи до домот на Големо езеро кадешто преноќивме, а следното утро во слични услови се упативме кон Ниже Поле, каде што се приближуваше крајот на оваа наша авантура. На видеото подолу подетално може да го видите ова патешествие.