Најдобрите типови на вежби за топење килограми

Тема која секогаш е актуелна и за која сите имаат свое мислење и став. Ако запрашате 100 различни тренери ќе добиете 100 различни одговори. Која е всушност вистината? Постојат ли вежби кои најдобро ги топат килограмите и кои се тие?

Губењето килограми не е така лесен и едноставен чекор како што можеби изгледа на прв поглед. Без разлика на диетата која сте ја одбрале да ја следите или пак рекламата која ве мотивирала, овој процес е тежок и компликуван доколку сакате трајни резултати кои нема да му наштетат на вашето здравје.

Во битката со вишокот на килограми, прво на што мора да обратите внимание е балансираната исхрана и се разбира физичката активност. Физичката активност само по себе нема лоши страни. Било што да изберете нема да згрешите, односно не постои активност која нема да ви донесе бенефит врз вашето здравје. Разликата помеѓу една и друга активност е во тоа што некои од нив на побрз, поефективен и подолготраен начин се справуваат со вишокот килограми.

Ние ќе ви претставиме неколку типови на тренинзи и совети кои доколку посветено ги следите, резултатите ќе си дојдат сами по себе. 

Кардио-васкуларни вежби
Кардиоваскуларните вежби го покачуваат отчукувањето на срцето на подолг временски период. Континуираното движење во овие вежби води до зголемена потрошувачка на калории за разлика од некои други активности. Повеќе согорени калории значат и повеќе изгубена тежина. Дополнително со практикувањето на кардио вежби зголемената потрошувачка на калории продолжува и во текот на целото деноноќие. Самите изберете меѓу: трчање, велосипедизам, пливање или пак фитнес вежби во група со висок интензитет.

Вежби со тежини
Вежбите со тежина помагаат во создавањето на мускулна маса форсирајќи го мускулот со екстра тежина при неговата контракција. За разлика од кардио вежбите, вежбите со тежини не горат ни приближно толку калории. Сепак тоа не значи дека овој тип на активност не помага во губењето на килограмите. Научно е докажано дека тело кое има повеќе мускулна маса, користи повеќе калории во текот на сите активности. Покачувајќи ја брзината на метаболизмот ќе стигнете и до согорување на калориите.

Интервали
Интервалите се еден од начините кои на најбрз и ефикасен начин ќе ги намалат вашите килограми. Ваквиот тип на тренинг подразбира изведување на вежбата во спор или умерен ритам по што следи период на интензивно изведување на вежбата па одново од почеток. Со други зборови доколку се бавите со трчање интервалот подразбира наизменично повторување на лесен џогинг и спринт во одредена временска рамка. Без разлика на тоа што ќе одберете да тренирате, потрудете се интервалниот тренинг да биде дел од вообичаениот тренинг режим.

Постојаност
Постојаноста е една од клучните аспекти на успешното и на долг рок одржливо симнување на вишокот килогами. За да успеете да бидете постојани и дисциплинирани изберете активност која ви е забавна, лесно достапна и безбедна. Односно изберете нешто што ќе го правите со задоволство и што нема да ви претставува доплнителен стес.

Не заборавајте да ја менувате тренинг рутината на секои четири недели. Тоа ќе ви даде дополнителна мотивација но и ќе го намали наталожениот репетитивен стрес на вашето тело.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија