ФФМ испрати претставници на Coerver Coaching Youth Diploma

Coerver Coaching Youth Diploma од 2014 година ја прошири својата лиценца и во Србија под покровителство на глобалниот партнер Адидас. Таа претставува сублимат на 30 годишно искуство и знаење во работата со водечки фудбалски федерации, клубови и менаџери. 

Оваа година неколку наши тренери(Марио Вујовиќ, Димитар Капинковски, Јетон Незими, Марјан Јовановски, Илија Стефановски и Африм Бајрами) во организација на ФФМ беа присутни на Coerver Coaching Youth Diploma за да го прошират своето теоретско и практично знаење во методологијата и пристапот во работа со млади категории во фудбалот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија