Че фачи Бојан?

Че фачи Бојан, или во превод од романски (Што правиш). Бојан Христовски во моментов е тренер во романскиот тим Енергија Ровинари и жнее успеси.. За да не губиме време од нападот ќе му го додадеме баскетот за он да шутира, да си каже нешто за себе и околу себе..за подобро да го запознаете! 

БОЈАН КАКО МАЛ….

Како дете кое живеело и израснало во населбата Аеродром нормално е да се биде во контакт со спорт каков што е кошарката.. Првите мои почетоци беа уште во второто одделение кога почнав да одам во кошаркарската школа на МЗТ-Скопје.. но тоа траеше само неколку месеци, потоа почнав краток период да тренирам фудбал. Но како што кажав и предходно населбата во која што живеев е позната како кошаркарска населба каде секое „маало” има свој кош и каде секојдневно се играше баскет до доцните вечерни часови.

Така да повторно почнав да тренирам кошарка во кошаркарскиот клуб на МЗТ како и за училишната екипа на основното училиште ”Ѓоргија Пулевски” (или во тоа време „Едвард Кардељ”) со кое и станавме први државни прваци во самостојна Македонија.. Потоа бев дел и од кошаркарскиот клуб к.к Соколи со кого редовно секоја година учествуваме на финалните турнири за шампион на Македонија.. Исто така бев дел и од поширокиот список на неколку наши младиски репрезентации..

 

БАСКЕТ & КОШАРКА

Како што кажав, буквално сум израснат со кошарката од најмали нозе пред се играјќи малски баскет секој ден.. Едноставно таа е дел од мене. По природа сум човек кој не сака да губи и токму тоа и ми се допага во кошарката, тој натпреварувачки дух, тој андреналин што те тера да напредуваш, да дадеш максимум од себе за да победиш.. Мене кошарката ме научи на дисциплина, професионалност, пожртвуваност што подоцна ми донесе добри резултати и во другите свери на животот..

Играјќи баскет на улица со постари и поискусни дечки научив и многу работи кои потоа ми помогнаа и да станам подобар кошаркар. Денеска поради обврските немам многу можност да играм баскет но во летните периоди секогаш има простор и време да се биде физички активен.

СКОПЈЕ виа ТАРГУ ЈИУ

Сосема неочекувано се случи да станам дел од овој клуб кој постигна голем успех и се пласиравме на завршниот турнир од ЕuroChallenge натпреварувањето. Главниот тренер на овој клуб е Антонис Костантинидис со кого се познавам веке 10-тина години.. Имено уште пред неколку години сакаше да ме донесе на Кипар да му помагам во работата бидејќи му се допаѓа начинот на кој што работам и филозофијата која ја имам како тренер во поглед на кошарката..

Но првиот пат бев спречен бидејќи веќе бев договорен да заминам за Шпанија каде работев како тренер во Gran Canary Baskettbаll Academy на Канарските острови.. Ова лето добив повик од него дека има понуда од еден романски клуб да биде главен тренер и дека инсистира јас да дојдам со него и да работиме заедно.. Така и се случи јас бидам дел од овој клуб од овој мал град кој брои некаде околу 70.000 жители.

ТРЕНЕРСКИОТ ЖИВОТ

Сосема случајно започнав со тренерската професија.. На мои 23 години додека се уште играв професионално кошарка добив повик дали сакам паралелно да тренирам и деца..

Во почетокот веднаш одбив затоа што јас самиот се чувствував се уште како дете и ми беше малку чудно да почнам да работам како тренер тренирајќи деца. Но вториот пат повторно ме повикаа од кошаркарската школа ,, Плејмејкер-Центар да дојдам на еден од нивните тренинзи и да видам дали ќе ми се допадне и потоа да одлучам, бидејќи тренерот кој моментално работеше со тие деца мораше да замине на отслужување на војниот рок и сакаа да ме ангажираат мене како некој кој е дел од кошарката….

Ми се допадна тоа што го видов и решив да ја прифатам работата.. Следната година веќе и престанав активно да се бавам професионално како играч и се посветив на тренерската работа.. По природа сум учлив и сакам да напредувам во тоа што го работам и затоа се посветив максимално во едуцирање и вложување во себе. Генерацијата која што ја тренирав 1992-1993 три години последователно се пласираше во финалето на младиските првенства на Македонија, а еднаш беа и државни прваци на Р. Македонија.. Во меѓувреме добив можност да заминам во Шпанија каде работев во американска кошаркарска академија која беше во сопсвеност на поранешен американски универзитетски тренер и каде доаѓаа играчи од целиот свет кои ги припремавме за најдобрите универзите во Америка.. Знаењето кое го добив таму е бесценето. Научив многу имав можност да се дружам со NBA скаути како и со најдобрите универзитетски тренери од Америка кои редовно доаѓаа на нашата академија во потрага по добри и квалитетни млади играчи.
По враќањето од Шпанија бев помошник тренер на младинската репрезентација родени 1992-1993 која настапи на Европското првенство во Босна и Херцеговина, а потоа и главен тренер на истата репрезентација на балканијадата во Букурешт-Романија..

Потоа решиив да се повлечам на некој период од кошарката пред се затоа што почуствував дека кај нас во Македонија ретко кој цени квалитет и видов дека многу тешко можам да се изборам до покажам какво е моето знаење и искуство затоа што клубовите не беа подготвени на дадат шанса на млад тренер. Но по неколкугодишна пауза еве ме повторно назад во кошарката и повторно надвор од Македонија. Оваа година за мене е неверојатно искуство, можноста да бидете дел од едно натпреварување какво што е ЕuroChallenge во друштво со многу силни екипи од најдобрите европски првенства и со огромни буџети и притоа да се пласирате на завршиниот турнир меѓу најдобрите 4 екипи е навистина неверојатна.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија