Наслов

Што научи „аматерот” тренирајќи со професионалци

Веројатно прво што треба да разбереш, ако досега не си разбрал, дека за да бидеш рекреативец кој е „про” е малку повеќе од тешко, но секако дека со добра и правилна работа и мотивација се прават одлични резултати. Затоа, нема откажување, освен кога навистина треба...

46-годишниот пистел, нутриционист и тренер по трчање Мет Фицџералд вложи четири месеци тренинрање со елитните маратонци на тимот Хока во обид да го подобри неговото најдобро време на маратон. Да видиме што тој направи, научи и пренесе како одлично парче знаење...

Иако најдоброто маратонско време на Мет не е воопшто за потценување - тој има 2:41 истрчано во 2008 година, сепак, неговиот обид беше да се тренира со некои од најдобрите атлетичари на САД и да проба после 9 години од неговиот личен рекорд, истиот да го подобри. 

Во текот на сите четири месеци Мет следел режим на тренинг, исхрана и опоравок целосно исто како и другите професионални маратонци од тимот, а на 8 октомври на маратонот во Чикаго, тој успеа да потврди дека вложеното време се исплатело, трчајќи 2 часа 39 минути - поточно 2 минути побрзо. 

Сепак, тренирањето со професионалци (тренери или тркачи) не е секогаш возможно за најголем дел од рекреативците, а и доколку се следи некој ваков процес на подготовка, јасно е дека никој не може да гарантира успех. 

Она што Мет го кажува е дека „потребно е рекреативците кои се стремат за подобри резултати да пробаат да ги следат и емитираат професионалците во нивните пристапи на тренинг. Учењето и позајмувњето на методи од професионалците е најсигурниот пат до подобрување на одредена атлета.” - вели Мет. 

Но, да видиме што точно сака тој да каже? Во магазинот Менс Журнал тој опишува неколку сегменти каде аматерите најчесто грешат со недоволно заинтересираност спрема тие делови од припремата, или едноставно поради незнаење. 

Правете ги „малите” работи 

За добар тренинг, секогаш е потребно нешто вон тренингот. „Одвојте време за зајакнување на мускулите и работете на мобилноста на движењата. Правете вежби, одете на масажа, ролајте се со пенест ролер итн. Сите овие додатни активности ќе ви помогнат да одите побрзо, посилно, повисоко. 

Слушајте го телото 

Една од работите која Мет најмногу ја споменува е способноста на професионалците да се откажат од одреден тренинг - доколку чуствуваат некаква болка или нелагодност. Спротивно на ова, аматерите и рекреативците често знаат да претераат и да не престанат и скратат со тренинзите токму тогаш кога најмногу е потребно - при повреда или исцрпеност. Мет вели дека овој „живеј, за да се бориш утре” пристап е многу важен во избегнувањето на повреди или претренираност. 

Тренирај со луѓе кои имаат сличен капацитет и цели 

Најголем бенефит при тренинзите ќе имаш доколку партнерите се на слично ниво како и ти, каде тие ќе може да те „бутнат” тебе во тешките моменти, а и ти нив кога ќе биде обратно. 

Одвои повеќе време за тренинзи со „лесно” темпо 

Најголем дел од рекреативците ги прават најголем дел од нивните тренинзи на висок интензитет што е целосно погрешно. Професионалците трошат околу 80 проценти од нивниот тренинг на низок интензитет - остатокот се спринтови или интервали. Направете го „лесното” темпо ваш најдобар пријател, освен кога ретко во неделата правите брзински тренинг. 

Прилагодете се на вашите пропорции

Многу е важно да го прилагодите тренингот према она што го можете, а и сакате. Рекреативнците не треба да трчаат 150 километри на неделно ниво како професионалците, но затоа можат и треба да трчаат редовно и доволно долго за нивните цели. 

 

12 Октомври 2017

За авторот