Направете тело на џогинг машина

Ако погледнете од друга креативна димензија, едноличната машина за трчање може да биде и не толку досадна и во исто време да ви послужи и како алатка за други вежби за дефиниција, баланс и зајакнување. Таман во период кога полека се прибираме во омилените теретани.

На ваков поинаков начин, погледна Дејвид Сиик, професионален тренер за трчање и тоа специјализиран за тренинзи на машина за трчање во ланецот на теретани Equinox, кој досадната машина за трчање ја направи подлога за тренинг сесија за целото тело. 

Во неговата визија, која е претставена во видеото погоре, машината за џогирање е алатка не само за драстично топење на масти, туку и за вежбање на баланс, тонирање и градење сила. 

„Да бидеш креативен на машина за трчање е најдобриот начин да станеш подобар тркач.“ вели тој. 

Со додавање на предизвици за вашето тело додека трчате на траката, едноличното движење во една рамнина се претвора во начин како да постигнете фит и балансирана става. Примената на комплексните движења како вртење лево и десно, прескокнување и странично движење додатно ги активираат зглобовите, мускулите и лигаментите, а вака ставени во функција проприорецепторите во иднина ќе превенираат повеќе повреди.

Трчањето пак наназад со поддесена умерена „угорница“ (наклон) на машината за трчање е одлична вежба за задната ложа и глутеусите. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија