Тимот што педла контра дијабетесот

Сè започнува кога малото детенце со дијабетес тип 1 дознава дека доколку повози некое крукче повеќе со точакот низ маало ќе може да касне повеќе чоколатца без да му се крене шеќерот. Сега се првиот професионален велосипедски тим составен од дијабетичари кои возат контра оваа здравствена состојба.

Уште од 7 месечна возраст Фил Саутерленд е дијагностициран со дијабетес тип 1 односно неговото тело не е во состојба да продуцира инсулин, хормонот задолжен за овозможување на шеќерот во крвта да биде искористен од ткивата.

И додека во неговата детска возраст малиот Фил развил високо опасна конекција со Сникерсите, во исто време самиот дознава дека возењето велосипед прави инсулинските инјекции да делуваат подобро. Од тогаш почнува редовно да вози точак во неговиот роден град.

Неговиот живот комплетно се менува. На 19 почнува редовно да се натпреварува за неговиот универзитет, а во 2003 почнува да победува на поголеми шампионати. Тој претставува инспирација за и неговиот пријател Џо, исто така дијабетичар да почне сериозно да педла, а во 2005 го формираат единствениот професионален велосипедски клуб составен од дијабетичари наречен тим Тип 1 (во 2008 преименуван во Team Novo Nordisk).

Понатамошните настапи и победи пишуваат историја.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија