李小龍

Мајсторски животни совети од Брус Ли

Освен одличен актер и мајстор по боречки вештини, Брус Ли имал и своја филозофска жичка која соодветствува со источните начини на размислување. Ви пренесуваме дел од неговите совети и погледи на животот…

БИДИ СВОЈ! Секогаш биди свој, имај верба во себе, не барај друга успешна личност во обид да ја копираш.

ПРИЗНАЈ СИ ГИ ГРЕШКИТЕ! За сите грешки има прошка, ако имаш доволно храброст да ги признаеш.

НЕ ТРОШИ ВРЕМЕ! Во животот не го троши си го времето залудно, затоа што твоето време е она што ти го прави животот.

ПРИЛАГОДИ СЕ! Најкрутото дрво е она кое најлесно се крши, додека бамбусот го преживува секое виткање на ветрот.

НЕ ИЗБРЗУВАЈ! Брзоплетоста ќе те направи будала.

ОСТАНИ СКРОМЕН! Фалењето е најглупавиот начин за да се покажеш.

ТРЕНИРАЈ НАПОРНО БЕЗ РАЗЛИКА ШТО ПРАВИШ! Не се плашам од човекот кој извежбал 10.000 удари по еднаш, туку се плашам од човекот кој извежбал еден удар 10.000 пати.

ЖИВЕЈ И ЗА ДРУГИТЕ! Вистинскиот живот е кога се живее и за други.

НИШАНИ КОН ЦЕЛТА! Целта не е секогаш нешто што треба да се постигне, таа може да служи и само како нешто кон што се нишани.

ФОКУСИРАЈ СЕ НА ИЗДРЖЛИВОСТ! Не моли се за лесен живот, моли се за силата да издржиш тежок.

СЕКОГАШ БИДИ ПОЗИТИВЕН. Како размислуваш, таков и ќе бидеш. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија