Танцувајте до подобро здравје
Доколку бркате кул начин за подобрување на фитнес нивото, малку енергична румба, самба или каков и да е танц може да послужи.
Бидејќи танцот во себе крие комбинација на физичко размрдување, социјална интеракција и ментална концентрација не е ништо чудно бидејќи е пронајдено дека помага во намалување на стресот, ја зголемува енергијата и ја подобрува силата и тонусот на мускулите.
Испитувањата во бенефициите од денсањето во последно време се натрупуваат, па одберете каков било ритам, во диско, бар, за време на генералка или под туш и започнете да ги чувствувате промените.
- Сила
Танцувањето гради сила со тоа што ги активира мускулните групи да работат наспрема сопствената тежина на оној кој игра, а скокањето и потскокнувањето бара огромна сила од големите мускули на нозете.
- Издржливост
Со текот на времето, човек кој често танцува ќарува издржливост. Со тоа ќе можете да танцувате повеќе и сето тоа се врти во еден позитивен круг.
- Флексибилност
Стречингот е еден од основните елементи за било какво дополнително вежбање, но и за општа физичка благосостојба. Нема танц без флексибилност.
- Општо позитивно расположение
Танцувањето е социјална алатка која ќе ви помогне во комуникацијата со група или партнер. Тоа претставува одличен начин за бустање на самодовербата.