Што бара конзерва рибешко во мојот планинарски ранец

Мани друго што конзервата туна или сардина (кој како преферира) е одлична и релативно лесна опција за оброк на планина, ако во ранец поседувате уште две-три ситни основни работи и ако ја знаете оваа техника, тогаш истата може да ви полсужи како свеќа или извор на топлина во итни случаеви. Важно е рибешкото да биде во масло, се разбира. 

Во серијата на статии каде опфаќаме разни интересни вештини за снаоѓање во природа, го бевме постирале и DIY (do it yourself – направи сам) горилникот со алкохол направен од лименка кој може да ви послужи како една од најлесните варијанти за контролиран извор на оган во природа. Овде пак, пуштаме една друга варијанта на горилник, свеќа или извор на топлина направен чисто од една конзерва риба. 

Дополнително ви се потребни само една тенка платнена врвка, кибрит или запалка и нож за да ја дупнете конзервата. Внимавајте рибата да биде во масло – секако и таа би ја препорачале за услови во природа како покалорична варијанта во однос на онаа во вода, а најдобриот момент е тоа што после изгорувањето на маслото ќе можете да ја изедете рибата веќе стоплена. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија