Раце на багажник и буткај- одличен тренинг

Интересен пример како да направите рифреш на вашата група, малку билдање тимски дух и тренинг во лер. Иако ова беше многу честа форма по маалско-емпатиски комшиски релации во времето кога на асвалтот царуваа стоединки, жигули и славните фиќовци.

Пристапот е многу едноставен и се што ви е потребно е сончев ден, вашата група (спортисти, рекреативци), еден автомобил, (по можност да е потежок). Одличен тимбилдинг, и не заборавајте некој постојано да биде зад воланот. Инструкциите во видеото за тоа кој колку да бутка си подлежат на промена. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија