Носете кондом, сигурно ќе ви се најде!

Човечката оригиналност и креативност, согледувајќи ги квалитетите на еден кондом, надвор од неговата оригинална употреба му придодала низа на други практични употребни вредности, особено за аутдор рекреација и спорт и за сите авантуристи кои го заменуваат кровот со небото.

Добро спакуван, лесен, мал, а стерилен производ со изразени еластични карактеристики и растегливост, достапен насекаде во светот и како таков кондомот си најде достојно место во кутијата за прва помош и спасување, а има и зошто!

Презервативот е одамна стандарден дел на опремата на американската војска поради неговата широка лепеза на можна употреба е препорачливо да биде дел и од вашата кутија за прва помош дури и при најкусите прошетки во природа или било какви екстрим спортови и тури.

 

Еве неколку веќе испитани и потврдени употребни вредности на оваа надалеку позната вредна алатка.

  • Оклузивен завој, за директна употреба кај повреди и рани кои крвават.
  • Алтернативен компресивен завој ако пред кондомот се пласира стерилно перниче – газа.
  • Есмархов стегач – мажетна за пласирање на интравенска апликација на ургентна терапија или кај ампутации на малите и периферни екстремитети.
  • Како латекс прирачна ракавица со која може дури да се направи директна стерилна дигитална компресија, и мала дигресија, бидејќи можете да наместите точкарски замрсен ланец, а да не се извалкате.
  • Пласирање на студени суви облоги. Ако кондомот се наполни со ледени коцки или студена вода и се стави во чорап може да биде феноменална алтернативна студена компреса.
  • Истата постапка може да биде и за топли компреси.
  • Одличен еластичен завој како превенција од отоци кај луксации и дисторзии.
  • Контејнер за вода кој што може да ви биде при рака секогаш (ракуван со внимание, еден кондом може да носи 2 литри вода).

Гумичките заслужуваат да бидат дел од вашиот бокс за прва помош и спасување. Секогаш може да ви се најдат во природа, ако ништо повеќе тогаш со нивната оригинална дејност.