Каква боја ви е хидратацијата?

Можеби не е најнаучниот метод на одредување на степенот на течности во организмот, ама дефинитивно е еден од најинтересните.

 

Знакот е поставен од страна на станицата за брза помош од Мичиген на 90-от километар на трката Western States Endurance Run, еден од попознатите ултрамаратони во САД и служи како потсетник за вашето редовно хидрирање за време на тешките и напорни трки.

Урината станува се` потемна кога сте во фаза на големи напори и најдоброто нешто што можете да го направите е да пиете повеќе вода и да ги надоместите загубените соли во телото, особено ако почнува да фаќа нијанса на матните или темни пива.

Пивото пак, зачувајте го за крајот од трката, а можете да изберете која боја сакате.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија