Интервју со Мирко Петровски – Професионалниот спорт не може да се замисли без правилен режим на исхрана

„Од неодамна во моето мени го внесов и Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс кој содржи висок процент на протеини и е многу вкусен. Многу често ме прашуваат дали смее да се јаде леб. Да, може да се јаде Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс.”

П: На сите им е познато кој си и во што си најдобар. Добитник на највисокото државно признание – Државната награда „8-ми Септември“ во 2013 година е признание со кое најмногу се гордееш. За многуте успеси како натпреварувач во бодибилдинг на домашен и меѓународен план нема кој не чул. Последниве две години посветен си како тренер на две натпреварувачки, на кои си особено горд за освоените медали и пехари на домашните, балканските и европските првенства. Во која улога се снаоѓаш подобро, како натпреварувач или како тренер?

Мирко: Припремите за еден мој професионален натпревар се многу долги и исцрпувачки. Траат по 6-9 месеци во кои мора целосно да си посветен на тренингот и исхраната. Тешко е, поминуваш низ многу кризи, но тоа е тоа што го сакам и кога имам цел ме прави среќен. Нема поголемо задоволство од тоа секој ден да гледаш напредок во формата. Тоа ме мотивира. За разлика од повеќето натпреварувачи од професионалната лига, јас додека се припремам за натпревар и работам како персонален тренер, сега во нашиот бодибилдинг и фитнес клуб Проект Фит и не ми останува многу време за одмор. Улогата како натпреварувач е поисцрпувачка. А во улогата  како тренер на натпреварувачки последниве години мислам дека се снајдов одлично. Иако физичкиот напор е помал, одговорноста е поголема. Поминував низ секоја криза и потешкотија заедно со нив. Се чувствував како јас да се натпреварувам. На крајот, секој успех или неуспех се препишува на мене. Благодарноста на натпреварувачките за мојата посветеност околу нив е она што нè прави тим и уживам во нивните припреми. 

 

П: Како изгледа еден твој тренинг? Дали секојдневно вежбаш и по колку часа? 

Мирко: Во моментов вежбам 5 пати неделно и тренингот ми трае околу 2 часа, тежински и кардио тренинг. Системот по кој вежбам се нарекува Есенкрингер систем и е изработен од мојот тренер Цветко Стојменовски кој живее во Берлин. Тоа е сложен систем на вежби во кој секој ден тренингот е различен. Се менуваат вежбите, тежината, темпото и број на повторувања. Тоа е еден многу интересен и тежок систем на вежби во кој јас во моментов уживам. Секојдневно сум под надзор и консултации на мојот тренер Цветко. Многу пати сум кажал дека тренерот е света работа, јас сум бескрајно среќен што имам таков човек- енциклопедија покрај мене. Многу полесно ќе  беше доколку тој беше  физички до мене, меѓутоа секојдневно сме во комуникација и секогаш кога имам дилеми заедно ги решаваме.

 

П: Со оглед дека исхраната е еден од клучните фактори за успешни тренинзи, сигурно внимаваш што и колку јадеш. Раскажи ни какво е твоето дневно мени. Колку се посветуваш на планот за оброците, колку внимаваш на калориите што ги внесуваш и какви намирници се најважни во исхраната? Дали е предрасуда дека не треба да се консумира леб?

Мирко: Исхраната е клучен фактор не само за успешен тренинг, туку и за здрав живот. Правилната здрава исхрана треба да биде секојдневие за сите. Јас многу внимавам на тоа што, колку и кога јадам. Професионалниот спорт не може да се замисли без правилен режим на исхрана. Калории никогаш не сум броел, но многу внимавам кои намирници ги користам и во која количина. Во текот на денот имам 6-7 оброци. Најзастапени се протеините во мојата исхрана бидејќи тие се храна за мускулите. Исто така внесувам и квалитетни јаглехидрати кои се одговорни за енергијата потребна за напорните тренинзи. Денот го започнувам со протеински шејк после тоа следи тренингот. Веднаш после тоа следат 5 добро избалансирани оброци. Од неодамна во моето мени го внесов и Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс кој содржи висок процент на протеини и е многу вкусен. Многу често ме прашуваат дали смее да се јаде леб. Да, може да се јаде Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс.

 

П: Спомена дека на организмот му е потребен и леб, а твоја препорака е лебот Нутри. Зошто? Сигурни сме дека читателите сакаат да слушнат кои се причините поради што го одобруваш. Што е она што овој леб го прави поразличен од останатите и зошто е добар за организмот? 

Мирко: Причината поради која го одобрувам и препорачувам Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс е неговиот состав. Овој леб содржи висок процент на протеини од грав кои имаат висока биолошка вредност, нашето тело не може да складира протеини како што може да складира масти и јаглехидрати, па затоа е потребно нивно секојдневно внесување во доволна дневна количина која зависи од возраста, полот и нивото на физичка активност. Протеините се важни за обновување и изградба на мускулите и на сите ткива на човечкиот организам. Нутри протеинскиот леб на Жито Лукс содржи бел и црн сусам, ленено семе и семки од тиква кои го надополнуваат вкусот и нутритивниот состав на лебот.

 

П: Колку е тешко да се одржува и практикува здравиот начин на живот, особено во време кога динамичното и стресно секојдневие си го прави своето?

Мирко: Воопшто не е тешко да се практикува здравиот начин на живот. Напротив, вежбањето, активниот живот и правилната исхрана ќе ви го направат секојдневието поубаво. Вежбањето го намалува стресот, ќе ве наполни со позитивна енергија и другите обврски ќе ги завршите со леснотија. Ова им е познато на сите вежбачи. Вистина е дека секојдневието ни е многу динамично и стресно, но дека се нема време за вежбање и здрава храна е само оправдување. Правилната организација на времето може да го реши тој проблем. 

П: За крај, кажи ни кои се твоите идни професионални планови? Што следно можеме да очекуваме од тебе? Дали можеби некој нов натпревар е на повидок? 

Мирко: Во исчекување сум на новата годишна професионална карта и во моментот кога ќе ја добијам ќе одлучам на кои натпревари ќе учествувам. Паралелно со моите подготовки за натпреварите кои следуваат, веќе ги започнавме подготовките на нашите натпреварувачки Катерина Попева и Даница Анастасијевиќ Кристенсен кои се припремаат за балканско, европско и светско првенство. Се надеваме дека ќе ги повториме или подобриме успесите од претходната година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија