Џепето мисли на вашето здравје

Балансирај си го задникот

Мало, едноставно дрвено столче коешто како седло има баланс диск. Балансираш задник, вежбаш торзо, не ти е досадно, а башка не седиш, туку активно седиш. 

Дизајнот на „Баланс столчето“ е на Дерил Агавин, а по функција тоа ја има истата цел како и столчињата со физиотопка – да се натера тој што седи, активно да седи. Самото столче е многу едноставно изработено и составено од четири ногарки и седло на коешто има можност да се додаде дрвен баланс диск, кој можете и посебно да си го користите за вежбање. 

Но, неговата првична намена е баланс дискот да биде дел од седиштето со што човекот се тера да биде постојано активен со неговиот задник, карлица, абдоминални мускули и нозе за да се избалансира во централна позиција. Главната цел на сето ова е да се неутрализираат големите штетни последици од седењето на обично столче коишто се докажана катастрофа по нашето здравје. 

Самото одржување баланс на столчето бара од човекот одржување на една правилна позиција на целото тело, исправено држење на грбот и нозете соодветно потпрени на подот па затоа алаткава има повеќе позитивни здравствени аспекти. 

Доколку сакате малку да се одморите од балансирањето, слободно можете да го извадите баланс дискот и да поседите на рамното столче. 

Продуктот е се` уште прототип и дизајнерот ги разгледува можностите за намалување на торшоците за помасовна изработка и пласман.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија