Наслов

Претеризам = претренираност

Да речеме дека се подготвувате за првиот маратон или пак сакате да го подобрите своето најдобро време. Претпоставката е дека голем дел од вашето слободно време е посветено на оваа цел. Дисцплинирани сте и фокусрани но понекогаш се чувствувате како некој да ве влече назад. Ако е така, тогаш, дали сте чуле за претренираност?

Синдромот на претренираност станува еден вид на "епидемија'' во спортот а посебно во аматерскиот спорт. Оваа негативна страна на натпреварувачкиот дел на спортот, може да претставува сериозен проблем за вашето тели и психа.

Желбата за брз резултат во комбинација со несоодветен тренинг и неадекватен одмор се нешто што со голема веројатност ќе ви го успори патот до успехот а во крајна линија ќе ви донесе повреда. Затоа еве неколку симптоми кои ќе ви помогнат на лесен начин да сфатите дали на вашето тело му треба пауза, односно дали се наоѓате во фаза на претренираност.

1. Се чуствувате изморено и по лесното истрчување. Го губите ентузијазмот и мотивацијата. Ви изгледа невозможно да го завршите тренинг планот по кој се водите и се чуствувате преморено во текот на целиот ден.

2. Вашиот пулс во мирување е зголемен. Според легендарниот атлетски тренер Грег МекМилан, доколку вашиот пулс во мирување е зголемен за 5 отчучкувања во минута во однос на вашиот нормален пулс, голема е веројатноста дека на вашето тело му треба повеќе време за да се опорави.

3. Вашиот сон станува нестабилен.
Сите овие симптоми произлегуваат од тоа што вашето тело не може да се справи со акумулираниот замор кој произлегува од тренажниот циклус. Со други зборови од вашето тело барате премногу за прекратко време. Еве што може да направите за го избегнете сево ова.

Пробајте да бидете флексибилни со вашиот тренинг план. Слушајте го своето тело и прилагодете го тренингот водејќи се од субјективното чувство. Ако веќе се наоѓате во фаза на претренираност запомнете како се чувствувате и превенрајте го истото во иднина.

По секоја напорна недела на тренинирање, вметнете недела која ќе биде со полесен интензитет од претходната. Тоа ќе го забрза времето за опоравување на вашето тело и дополнително ќе го подготви за напорната недела која следи.

Водете дневник. Ова е наједноставниот начин за да воведете ред во вашиот тренинг циклус. Со него на наједноставен начин ќе знаете што и колку правите.
Секогаш внимавајте на исхраната, рехидрацијата и одморот.

07 Февруари 2017

За авторот