Позицијата на рацете и различниот ефект кај бенч пресата

Бенч преса е една од најомилените вежби кај оние што редовно глават по фитнес и бодибилдинг центрите. Освен традиционалните склекови оваа вежба е одлична за тренинг на горниот дел од трупот (градите, рамената и рацете).

Постојат различни начини како да ја изведувате оваа вежба која таргетира неколку мускули и во зависност од поставеноста на рацете, лактите и движењата го насочува ефектот кон еден или друг мускул повеќе или помалку.

На пример позицијата на лактите (надлактот) во однос на телото кога сте во најдолната фаза од движењето (шипката е блиску до телотот) е еден од начините како можете да го менувате стресниот фактор односно каде точно сакате да се пренесе напорот.

Во оваа вежба учествуваат мускулите на градите (пекторалис мајор) трицепсот од надлактот, и предната глава на рамото (делтоид). Движењето се состои во екстензија во зглобот на лактот, хоризонтална аддукција и флексија во рамото

Во продолжение ги опишуваме трите позиции на лактите (надлактот) во однос на телото и нивниот ефект врз самата вежба. 

  • Позиција А
    Со лактите поставени под 90 степени во однос на телото во зглобот на рамото се изведуваат движењата хоризонтална аддукција и минимална флексија. Градните мускули се оптоваруваат најмногу и учеството на рамото е намалена, но треба да имате на ум дека колку подлеку се поставени лактите во однос на телото толку е поголем и стресот кој се нанесува на раменската зглобна капсула.
  • Позиција B
    Доколку лактите се прилепени до телото толку помало е учеството на градните мускули. Движењата на рамото се менуваат од хоризонталната аддукција во флексија што го вклучува раменскиот мускул односно неговата предна глава. Истотака се вклучува и трицепсот
  • Позиција C
    Лактите поставени на 45 степени во односна телото го дава посакуваниот баланс помеѓу активацијата на сите три засегнати мускули, воедно го намалува стресот врз рамото. Оваа поставеност на надлактот во однос на телото е одличен за развој на силата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија