Наслов

Еластични ленти - подвижна вежбална со 5 ѕвезди

Ако постои адекватна замена за скапите и модерни фитнес центри тоа секако се едноставните и навидум прости еластични траки. Овој дел од спортската опрема е нешто што топло би му го препорачале на речиси секој активен спортист или на секој почетник во спортот.

Зошто?

Еластичните ленти се идеална замена со која можете да ги изведувате речиси сите вежби кои инаку ги правите со тегови и на речиси било кое место. Од друга страна, пак, вежбањето со овие ленти е одлична промена која на вашето тело му е потребна од секојдневната рутина во тренингот.

Долколку сте почетници, ова парче опрема е совршено за старт. Со него ќе ги стимулирате мускулите кои инаку нередовно и недоволно ги активирате, можете да се фокусирате на изградба на специфична сила, да го забрзате согорувањето на калории и масти, како и да го проширите опсегот на движење при повторувањата.

Погледнете го видеото во кое се покажани дел од можностите кои ви ги нудат еластичните ленти. 

13 Септември 2016

За авторот