Американ Дрим за Тренчевски

Љупче Тренчевски веќе подолго време живее и работи во Холивуд како персонален тренер на ВИП фаци и како Бизнис консултант во сферата на фитнес индустријата. На 21 Ноември во Палм Спрингс, Калифорнија Тренчевски ќе настапи на Феригно Легаси, натпревар кој секоја година го организира Луис Феригно.

Тренчевски интензивно работеше на подготовките под менторство на Роб Ричес и е задоволен од постигнатиот резултат во подготовките.

Фантастично се чуствувам и сум полн со енергија, тренирав сериозно и во последните четири недели поминав без големо намалување на калории во исхраната. Ќе се натпреварувам на 21 ноември во Палм Спрингс на Феригно Легаси што за мене лично претставува голем предизвик.  Во припремите ми помогна мојот добар пријател и повеќекратен светски шампион во Менс Физик Роб Ричес. Ќе настапам во Менс Физик до 179 см и искрено се надевам на прво место во категоријата со што директно добивам учество за државното првенство во Америка” – Изјави Тренчевски за К4Т

 

следете го Тренчевски на Инстаграм

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија