Преку мост до подобра форма

Не постои човек кој барем еднаш во животот не се обидел да направи мост со своето тело. Често претставува и се доживува како детска игра, но ви суштина оваа едноставна вежба е една од најкорисните вежби кои можете да ги одберете во дневната или неделна тренинг рутина.

Без разлика на спротот со кој се бавите мостот во сите негови варијации е една од најкорисните вежби која постои. Можеби нема да ви донесе премногу мускулна маса или сила но затоа ќе работи на сите останати аспекти поврзани со баланс, стабилизација и превенирање повреда.

Што сè вежбате?

Во прв ред мостот важи за вежба која е наменета за тонирање на вашите глутеуси. Ова е така бидејќи тие се најдиректно ангажирани во моментите на изведување на мостот. Сепак, мостовите се многу повеќе од вежба за задникот. Покрај комплетната група на мускули на задникот, мостот како вежба е исклучително добра за регијата околу колковите и за стабилизаторите на колковите.

Ако некогаш сте се бавеле со спорт знаете колку е важен овој дел од нашето тело доколку посакувате подобра форма, ако пак сте почетник тогаш мора да сфатите дека без стабилни колкови вашата форма е неекономична и сте многу поподлежни на повреди.

Понатаму, мостот како вежба по својата природа е изометрична вежба која директно ги погаѓа задната ложа на нозете(еден од најчесто повредуваните мускули кај спортисти) и долниот дел од грбот односно кичмата. Со денешниот начин на живеење, комплетниот заден дел од човековото тело е еден од најподлежните на повреди и болки, а се заради недоволната активност или лошото држење. Пробајте ја оваа вежба и ќе забележите големо подобрување.

Се разбира тука се и неизбежните јадрени мускули од кои се тргнува. Секое движење тргнува од нив и недоволната сила во централниот дел од телото значи дека нема да имате доволно сила да го издржите тренингот, заради лошата форма ќе губите драгоцена енергија и секако ќе имате поголеми шанси за повреди. Мостовите се идеални за зацврстување, функционалност и проприоцепција на трупот бидејќи ги вежбате сите негови делови.

Како да ги изведувате и колку?

Мостот е вежба која како и другите вежби со сопствена тежина има безброј варијации. Почнете со некоја основна која не бара преголема техника ниту пак претходна подготовка. Практикувајте ги 2-3 пати неделно како дел од вашиот тренинг за сила.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија