Наслов

Јачината на родителската љубов

Постојат многу трогателни приказни во светот, но само за неколку успеваме да чуеме, а уште помалку се оние кои навистина ќе побудат промена во нас. Се надеваме дека оваа приказна, за вонземската сила на родителската љубов, ќе ви биде потсетник ако не друго барем да одвоите нешто повеќе време за квалитетно да се подружите со своите деца. 

Болеста и спортот како две контрадикторни, но сепак поврзани работи се неизбежен дел во животот на 32 годишниот Ирам Леон. Откако пред три години му дијагностицирале рак на мозокот, Леон направил мноштво измени во својот живот, особено во поглед на спортот и дружбата со својата ќерка. Можеби повеќе не може да работи или да вози кола, но сеуште може да трча!

Оттогаш, секој пат кога го напушта домот тој е со својата 4 годишна ќерка Киана. Ирам трча и ја бутка количката со ќерка си. 

По некое време поминато во набивање кондиција, тие започнуваат активно да се пријавуваат на разни атлетски случувања, а само во последните неколку месеци завршија неколку полумаратони. 

Дури и успеваат да се изборат над правилата за учество на маратонот во Бомонт, Тексас каде не се дозволени колички, но во овој случај и организаторите направија исклучок. На крај тие завршуваат со време од 3:07:35, односно Ирам е втор, веднаш по својата ќерка. 

Трчањето за двајцата претставува еден вид освежување од мрачната реалност, а најважно нешто за Леон е што може целото време кое му преостанува да го помине со своето дете.

19 Март 2013

За авторот