Пролет, сонце, топлина = играње надвор! Јупиии!!!

Полека но сигурно ни доаѓа топлото време, а тоа за малите дечиња има големо значење. Време е за игра, лулање, лизгање и превртување на игралиштата.

Меѓутоа бидете внимателни и пред да ги пуштите децата да лудуваат обрнете внимание на неколку работи…

• Топли површини
Метални лизгалишта, скали или некакви делови од игралиштата при директен контакт со сонце можат да се загреат до степен каде што можат да предизвикаат сериозни изгореници (иако температурите не се екстремно високи). Секогаш проверете ги металните делови од игралиштата за да се осигурате дека се доволно ладни и дека не претставуваат никаква опасност за вашето дете. Научете ги поголемите деца сами да ја проверуваат температурата со допир од прст.

• Тврда површина
Цементот, асфалтот, па дури и земјата која се наоѓа под елементите на игралиштата се тврди и затоа треба да бидат со гумена подлога или пак со песок (песокот најчесто се користи кај нас) и треба да се протега на неколку метри во сите насоки.

 

• Опрема која не е безбедна
Внимавајте на која справа си игра вашето дете. Доколку смета дека некоја справа не е соодветна за годините на вашето дете, асистирајте му при совладување на препреките или спуштањето по тобоган.
• Заштитни кациги за точак
Доколку вашето дете вози точак на некое игралиште, осигурајте се да ја извади кацигата доколку сака да си игра затоа што кацигата многу лесно може да се заглави во некој дел на некоја справа, а ременот може да предизвика давење.