Нови државни рекорди во пливање од младите надежни пливачи на Македонија

На 21 и 22 ноември 2017 година се одржа пливачкиот митинг „13 Ноември” каде што се постигнаа два нови државни рекорди во грбно пливање на 50 метри. 

На пливачкиот митинг „13 Ноември” што се одржа на базен „Борис Трајковски во Скопје, пливачите на ПВК Орион постигнаа два нови државни рекорди во грбно пливање на 50 метри. 

Миа Крстевска од ПВК Орион постави нов младински национален рекорд со испливано време 30:24 секунди, а Антониј Симоновски со 27:93 секунди во истата дисциплина постави национален кадетски рекорд.

На митингот учествуваа 400 пливачи од повеќето Балкански земји, како и од Чешка, Италија и Ирска.