Моќна лекција на еден наставник

Еден професор во срeдно училиште со помош на една едноставна, но моќна вежба им го објасни значењето на привилегијата и социјалната мобилност на своите ученици. Тој ја започна вежбата со тоа што на сите има подели лист стара хартија и ги замоли да ја завиткааат во форма на топка.

Тој ја постави корпата за отпадоци пред таблата, односно на почетокот на училницата.

Професорот им објасни – ”Играта е многу едноставна, сите вие го претставувате населението во државата. А секој во земјата има можност да стане богат и да биде дел од повисока општествена класа.”

“Сѐ што треба да направите за да станете дел од повисоката клас е да го фрлите топчето хартија во кантата за отпадоци додека седите на своето место.”
Учениците од задниот дел од училницата веднаш се побуниjа – “Тоа не е фер!”. Тие гледаат дека учениците што седат пред нив имаат поголеми шанси да го направат тоа.

Сите пробаа да го фрлат топчето хартија во кантата, но – како што се очекуваше- повеќето од учениците од првите редови успеаа (но не сите), а само неколку ученици од задните редови.

Професорот заклучи – “Колку сте поблиску до кантата толку вашите шанси да успеете се подобри. Така изгледа привилегијата. Дали забележивте дека само оние кои се во задниот дел од просторијата се жалеа на праведност?”

“За разлика од нив, учениците од првите редови се помалку свесни за привилегијата кои ја имаат. Сѐ што тие гледаат се само 2 метри одалеченост од нивната цел.”
“Ваша цел – како ученици кои се здобиваат со образование – е да бидете свесни за вашата привилегија. Да ја искористите таа посебна привилегија која се вика ОБРАЗОВАНИЕ за да го дадете најдоборот од вас за да постигнете големи цели, цело време залагајќи се за тие кои се во редовите позади вас.”

Извор

Превод: Елена Столевска