Менаџирање на емоции

Идејата дека нашиот ум и емоции играат особено важна улога за нашето здравје е далеку од нова. Уште од античко време се дава значење на интеракцијата помеѓу умот и телото во процесот на заздравување. Секоја промена во физиолошката состојба е придружена од соодветна промена во ментално-емоционалната состојба, свесна или несвесна, и обратно.

Кога чувствуваме среќа, сме во добро расположение и сме задоволни телото излачува серототнин, окситоцин и допамин, правејки не витални, сигурни и опуштени.

Кога сме анксиозни, вознемирени и под стрес, телото излачува кортизол и се обидува да ни каже дека нешто не е во ред. Физичките знаци кои укажуваат дека емоционалното здравје е надвор од баланс се: промена во апетит, главоболки, висок крвен притисок, сензитивен стомак и многу други.

Слабото емоционално здравје може да го намали и нашиот одбранбен систем и да не направи подложни на инфекции.

Хипокрит, таткото на западната медицина вели дека доброто здравје зависи од балансот помегу умот, телото и средината која не опкружува.

Истражувањата покажуваат дека детството е период на огромен неуролошки раст и развој. Младиот мозок буквално ја менува формата во одговор на стимулусите кои допираат до него, од нови доживувања, однесувања, мисли, луѓе и релации.
Знаејки дека од влијанието на средината и возрасните околу децата зависи нивниот развојот во позитивна насока, од особена важност е соодветен развој на емоционалната добросостојба, когницијата, јазикот и социјалните вештини во раните години на децата. Тие овозможуваат основа за понатамошен академски, работен и животен успех. Ти се цигли и малтер на архитектурата на мозокот, додека мозокот е диригент на се што се случува со нас.

Кога ние или нашите деца сме вовлечени во состојба на стрес, грижа, вознемиреност, фрустрација, траума ние всушност сме дезинтегрирани. Тука постои мисла, емоција или меморија која ја има контролата над нас и ” is running the show” со што не спречува да размислуваме и да се однесуваме соодветно.

За да ја повратиме интеграцијата пред се потребно е разбирање за тоа што се случува како и избор на стратегии за интеграција кои може да ни помогнат на нас возрасните, а во исто време да ни помогнат во негување на развојот на детскиот мозок.

Стратегии кои им даваат поддршка на децата во развивање на конекции помеѓу нивниот емоционален и логички мозок, со што им помага да ги препознаат и менаџираат емоциите, да се разберат себеси и да станат себесвесни. Да бидат посмирени и посреќни и да формираат балансирани релации. И на крај да ги изразат соодветно своите потенцијали.

Стратегии како:
Правилно дишење – зголемениот кислород во мозокот ја подобрува способноста за учење кај децата.
Движење – е важно за секоја индивидуа, особено за децата. Децата кои се движат слободно и истражуваат ги достигнуваат когнитивните развојни периоди (milestones) побрзо.
Држење на тело – нашето држење на тело и експресија не се само рефлексија на нашиот ум, тие имаат големо влијаат и на нашето расположение и на тоа како другите луѓе не гледаат. Кога децата прават одредени пози ја поткренуваат свесноста за своето тело. Стоењето исправени поттикнува самодоверба, позата супермен го поттикнува чувството на моќ и гордост, насмевката предизвикува чувство на среќа.
Рефлексија – водење дневник, води до позитивен изход, помагајки им на децата во справувањето со секојдневни стресни ситуации.
Водена фантазија – употреба на имагинација за да се води детето низ позитивен начин на разрешување на стресна ситуација или проблем, доведувајки го во состојба на релаксација и фокус.
Прошетки во природа – новите истражувања покажуваат дека прошетка во природа го регенерира детскиот ум и ја подобрува способноста за внимание и фокус.
Емоционална конекција – десната хемисфера од мозокот (емоции и невербален говор) се развива порано од левата (логика и јазик). Затоа малите деца често се наоѓаат во ситуација кога имаат поплава од емоции и неможност од нивно менаџирање.

Возрасните тогаш треба да се конектираат со децата низ нивниот десен мозок – чувствувајки ги чувствата на децата, препознавајки ги ги именувајки ги. Кога децата ќе почувствуваат дека се разбрани и сигурни побрзо може да се опорават и да покажат соработка.

Најдобриот доктор е веќе во нас. Доколку може да ја разбереме науката позади тоа како мозокот му влијае на телото секогаш може да сме еден чекор понапред кога ни е потребно.