Балканскиот првак стана и Светски Шотокан првак

Идризи го освои и Светското Шотокан карате

Двократниот Балкански првак Абдурахим Идризи се покажа достојно и на светско ниво.

Двократниот Балкански првак од Скопје, Абдурахим Идризи, после Балканското првенство без многу одмор веднаш замина во Истанбул каде учествуваше на Светското Шотокан Карате првенство од 4то ниво. 

Идризи имаше силна конкуренција од 60 натпреварувачи во својата категорија, натпреварувачи родени во 2001 година, каде во 7 одлични борби успеа да се избори за прво место во својата категорија.