Групна динамика

Училницата немора да биде соло авантура за учење, може да биде колаборативна средина за учење. Вежбите за групна работа применети во училишната средина имаат големи предности индивидуално за секое дете, а исто така ја подобруваат и атмосферата во училницата.

На персонално ниво секое дете може да бенефитира од групната работа, таа развива чувство на припадност во истата, поттикнува самодоверба и сигурност, комуникациски како и лидерски вештини.

Поголем број истражувања покажуваат дека тимската работа го подобрува критичкото размислување, ги подобрува вештините за решавање на проблемите и вештините за резонирање.

Работејќи во група децата се инволвирани не само интелектуално туку и емотивно. Тие во групата размислуваат, придонесуваат со идеи и информации, се подржуваат и заедно подготвуваат презентации. Развиваат социјална свесност, ги ценат различностите и сличностите помеѓу индивидуаите во групата, како и себесвесност, идентификувајќи ги своите интереси, слабости и способности.

Групната работа во училницата станува се популарна во последните години. Како и многу други работи во едукативниот процес групирањето функционира кога е планско и систематизирано. Едноставното седење на 4-5 деца заедно не значи дека постои групна динамика. Од таа причина најважен е планот за групната работа и каков вид на групи ќе се употребат.
Постојат два главни типа на групи во училиницата кои се практикуваат кога студентите треба да работат колаборативно:

1. Првиот тип се хетерогени групи кои групираат студенти со различно ниво на способност. Клучниот збор за овие групи е различно, а различноста може да се прошири во повеќе сегменти, години, позадина, раса и слично.

2. Вториот тип се хомогени групи, односно групи во кои студентите се групираат на основ на некоја сличност. На пример: исти перформанси во одредена област.

Постојат голем број на методи на учење кои може да се применат во групната работа. Изборот може да е воден од посакуваните резултати. Може да ги разгледаме следните:

Ice breakers преставува вежба во која се постигнува целта на “кршење на мраз”
Swot Analysis со оваа вежба преку слабости, предности, можности и закани се обезбедуваат идеи за некоја област или прашање.

Brainstorming е вежба која обезбедува идеи и предлози со цел да се генерираат сугестии и опции.

Fish bowling во оваа вежба една група работи на една тема, другата опсервира.

Role play е вежба во која одредена ситуација се одигрува.

Strategy exercise вежби за наоѓање на едно решение од групен процес.

Сепак најдобриот метод за поттикнување на внатрешните ресурси кај децата е кога индивидуалниот и групниот медот се балансираат и водат до реализација на квалитетите посакувани од самото дете.

“Talent wins games, but teamwork and intelligence wins championships.” – Michael Jordan