Детски радости со активности на плажа

Искористете го летото за активности на плажа со вашата фамилија и пријатели. Од активности нема штета, понекогаш може да им ги препуштите на неуморните деца, а кога ќе соберете сила можете и вие да им се придружите.

Освен водата и водните активности, од пливање до шлапкање во плиткото, плажата можете да ја искористите како игралиште и повод за многу други игри.

1. Игри за целата фамилија
Нормално дека постојат многу игри за на плажа во кои можете да уживате и да се дружите додека сонцето заоѓа или изгрева… и многу од нив можат да се адаптираат според возраста, големината и физичката спремност на фамилијата, како и според буџетот со кој што располагате.

За поактивните фамилии добра игра е трката со ”тагирање”. Може да се организира на  плажа, во вода или комбинирано. Во суштина, секој член во тимот треба да истрча или исплива дадена дистанца, а потоа да го допре наредниот учесник од својот тим. Тимот што прв ќе ја комплетира зададената цел, победува. Треба да се договорите кој ќе биде судија, а ако и децата се инволвирани во пливање, тогаш обезбедете им ги потребните реквизити за пливање.

Ако сакате да ги вклучите и помладите членови на семејството, ловци на скриеното богатство е супер игра што можете да ја пробате. Измислете патокази и дефинирајте ја должината на ловот да биде соодветна на возрасната група која ќе биде инволвирана во играта. Имајте на ум дека дури и децата над 7 години имаат краткотрајно внимание, особено кога се во надворешна средина и уживаат.

Пробајте да создадете мапа со патокази што водат до богатството која на младите пирати ќе им се чини попривлечна. Како богатство добро е да се стави некоја мала играчка, а патоказите нека бидат повоочливи доколку се вмешани и помали дечиња. Препорачливо е да одредите и надворешен судија како и точно мерење на времето.

Класичните игри од сите видови можете да ги адаптирате за на плажа. Тенис, фризби, одбојка, сите се супер игри за на плажа за вашето семејство.

2. Игри за децата
Ако вашите малечки енергетски бомбички сакаат сами да поиграат на сонцето, постојат бројни игри што можат да ги пробаат. Успешноста на истите ќе зависи од нивната возраст и можности. Но има соодветни игри за сите.

Многу популарна игра за деца на сите возрасти е борба со водени балони. За неа не требаат многу средства, а воедно е и разладувачка активност. Добрата работа е дека може да трае и подолго време доколку ги натерате децата да прават скривалишта за мини војна. Со помалите дечиња пожелна е дополнителна помош од постарите браќа или сестри или пак од вас за да ги осигурате од евентуални незгоди.

Доколку сакате да пробате игри што се соодветни и за помали деца, а да можат самостојно да ги играат, тогаш лов на школки или градење на замокот од бајките се идеални активности. Децата на овој начин ќе ја користат својата имагинација и ќе ви бидат во видното поле доколку им ги одредите границите на движење. Скоро секоја плажа може да се искористи за овие активности кои обично им се забавни на децата.

За крај, класичните игри како подавање со топка, фризби и влечење јаже можат да бидат забавни со часови, а лесно се адаптираат за различен број на играчи. За нив не ви треба многу опрема, а и не чинат многу пари.

Не треба да се заборават и старите класични активности како летање на змај. Може да се лета скоро на секоја плажа, а ќе им обезбеди на децата часови активна игра.

Која и да е вашата идеја за забава на плажа, само што учествувате во игрите или пак ги надгледувате вашите малечки како си играат, може почувствувате убави чувства и носталгија за детството. Овие активности воедно ќе ви осигураат одличен активен ден поминат со фамилијата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија