Наслов

5 Најдобри суплементи за постигнување фит форма

Ако сте одлучиле да работите на оформување на мускулна маса, сигурно сте свесни за важноста од избор на квалитетна програма за вежбање и исхрана, се со цел брзо да напредувате.

Но, исто така, мора да знаете дека тренирањето го исцрпува вашето тело и затоа му се потребни одредени витамини и хранливи материи. Дури и покрај одличен план на исхрана, може да биде многу тешко да се внесат во целост сите потребни витамини и хранливи материи во организмот - и токму затоа постојат суплементи.

Ви претставуваме листа на 5 суплементи кои можат да ви помогнат да ги остварите своите цели. Бидејќи постои голема тенденција на копирање и фалсификати на производите, треба особено да се внимава од каде се купуваат, со цел да бидат  оригинални. Едни од најдобрите производители на суплементи во исхрана се Optimum Nutrition, Scitec Nutrition, My Protein, QNT, BSN, Proseries Polleo Sport, Vitargo, MVP Nutrition, Multipower, кои може да ги обезбедите во хрватскиот ланец на продавници за здрава храна и спортска опрема POLLEO SPORT

 

BCAA

Аминокиселините се неопходни за да се постигне раст и одржување на мускулите. Најефикасен начин да се внесе потребното количество на аминокиселини е преку додатоци во исхрана/суплементи. БЦАА аминокиселините се исклучително важни за мускулите поради неколку причини. Прво, 30% од аминокиселините во мускулите се БЦАА. Второ, леуцинот кој е еден од БЦАА аминокиселините е задолжен за поттикнување на мускулен раст во телото односно кога телото повеќе го содржи формира повеќе мускулна маса. Исто така БЦАА се аминокиселини кои телото неможе да ги синтетизира и поради тоа се најважните аминокиселини кои треба да ги суплементираме. БЦАА спречуваат катаболизам на мускулите и поттикнуваат нивен раст, топи масти преку дејствата на изолеуцинот и отстранува умор благодарение на валин. Исто така бидејки не поминуваат низ црниот дроб екстремно брзо се апсорбираат и нудат мускулна енергија за време на тренингот. Користете ги пред и после тренинг како извор на енергија и мускулен раст или доколку не тренирате пред спиење и наутро.  

 

КРЕАТИН

Креатинот ја зголемува силата, експлозивноста и мускулната маса. Има позитивни ефекти на минералната густина на коските, го намалува оксидативниот стрес и го подобрува помнењето. Со оглед на тоа што дополнително ги хидратизира станиците, потребно е да се пие со многу вода во комбинација со декстрозом или малтедекстрин, за да стигне побрзо до станиците и да го зголеми нивото на енергијата. Одличен е за тежински и експлозивни спортови каде може да го зголеми перформансот и до 30%. Најголем ефект има кога се зема пред и после тренинг каде што нуди сила и енергија и поттикнува раст. Во денови кога не се тренира се користи пред оброци.

 

ОМЕГА 3

Омега 3 се есенцијални масни киселини (ЕФА) од рибино масло, а значајни се за здравјето на срцето, мозокот, очите и зглобовите. Нивниот главен извор се сината риба, рибата од ладните мориња (харингата, лососот), алгите, зоопланктоните и морските плодови, семињата и оревестите плодови. Бидејќи овој тип на храна е ретко присутен во исхраната на овие простори исклучително важно е да ги внесуваме преку додатоци во исхрана. Доколку сакате да изградите мускулна маса, важно е да се внесуваат во организмот затоа што го поттикнуваат производството на тестостерон кој е неопходен за нивниот раст.

 

WHEY ПРОТЕИН

Whey протеин е најкористениот и најраспространет производ во светот на спортската суплементација. Се користи за градење и одржување на мускулатура, како заменски оброк, средство за јакнење на имунитетот и сл. Главните карактеристики кои го прават whey протеинот најдобар се: најголема брзина на апсирбција од сите типови на протеини, огромна количина на БЦАА и глутамин (кои претстауваат 90% од аминокиселините во мускулите и се најважни за нивен раст и одржување) одличен вкус и лесна припрема. Користете го после тренинг и наутро или како квалтитетен оброк во било кое време од денот. 

 

ВИТАМИН Д

Во текот на целата година не можеме да бидеме доволно изложени на сонце, па затоа е потребно дополнително консумирање на витамин Д во вид на суплемент. Овој витамин е многу важен бидејќи учествува во градење на цврсти коски и заби, како и при зголемување на силата и трајноста на црвените и белите крвни станици. Витаминот Д игра клучна улога во апсорпцијата на калциум и фосфор. Калциумот е неопходен за мускулна контракција. Без соодветни резерви на калциум во мускулите, тврда, целосна мускулна контракција не би била можна. Редовно проверувајте го количеството на витамин Д.

КУПУВАЈТЕ ОРИГИНАЛНИ ПРОИЗВОДИ!

09 Февруари 2018

За авторот