Супа со икра

Не ја испуштајте можноста да ги припремите случајно најдените икрички и млечот (од било која свежа риба) во една прекрасна, здрава супа… Загарантирана квалитетна вечера по вашиот тренинг.

 
  • колку што имате икра од свежа риба
  • 100г просо
  • 1кг кромид
  • малку свеж ѓумбир
  • 2 млади лукчиња или 2 чешниња стар лук
  • 2 моркови
  • малку магдонос
  • сол и бибер според вкус
  • маслиново масло
 

Подготовка

1. Сецканиот кромид, лук, морков и ѓумбир се пропржуваат.

2. Се додава 500мл вода и икрите за да повријат околу 15-20 минути.

3. Потоа додадете го просото, по кое супата се вари уште 10тина минути. 

4. На крај, кога супата повеќе не врие, се додава магдоносот заедно со сол и бибер. 

5. По желба можете да исцедите и малку лимон.