Шумски јагоди – свежи

Размислувавме… Како ли да ги подготвиме шумските јагоди во некој вкусен, едноставен, лесен и освежителен рецепт?! Заклучокот го донесовме експресно.

Рецептов е многу едноставен. Разбуди се порано, тркни на некоја од прекрасните македонски планини, најди шумски јаготки, набери и изеди ги!

 
  • Состојки: Шумски јагоди
  • Потребно време: еден час за берење и еден миг за јадење
  • Транспортно средство: бидон*
  • Послужување: Од рака, во грст
 

Ве охрабруваме да прошетате низ некоја од нашите прекрасни планини, а освен да се воодушевувате од пејсажите, ѕиркајте и надолу може ќе начекате од овој деликатес…

*Пробавме во бидон да ги транспортираме до Скопје, за да споделиме со блиските. Арно ама кога стигнавме, еден дел од јаготките веќе беше претворен во џем. Ја знаете онаа „лекот е без пари ама ако го знаеш”, па еден паметен пријател не поучи следен пат во садот (бидонот) да наполниме малку вода.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија