Поинаков имам балајди

Имам балајди по турски, папуцаки по грчки, полнети модри по наше. Дел од медитеранската кујна, а традиционалниот рецепт подразбира полнет модар патлиџан со лукче, кромид и домати, а понекогаш и мелено месо. И така не е лошо ама баравме поинаква варијанта, па рижотото од хељда се вклопи одлично…

 
  • 2 модри патлиџани
  • 2 шолји хељда
  • 200 мл бело вино
  • 1 главица кромид
  • 400 грама шампињони
  • 2 чешниња лук
  • 50 грама пармезан
  • гранчиња рузмарин
  • сол и бибер
  • масло за готвење
 

1. Модрите се сечат надолжно и се длабат со помош на лажица или нож, оставате ѕидови со дебелина околу 1 см, ги редите во плех и ги ставате во загреана рерна на 200 степени. Во меѓувреме го спремате рижотото.

2. На масло ги пропржувате исецканите шампоњони, кромидот и лукот, а на крај ја додавате и хељдата да прокрча и да ослободи арома. Налевате 1 чаша вода и 1 чаша бело вино, промешувате и покривате со капак, на тивко да крчка.

3. Модрите ги вадите од рерна по половина час, се боцкаат со вилушка на неколку места и се полнат со смесата од хељда и печурки, се наросуваат со пармезан, нашите ги декориравме со шери (не е задожително) и гранче рузмарин.

4. Се враќаат во рерна. Остатокот од хељдата може да го растурите во плехот и се пече уште 20тина минути.