Пире од компири и моркови

Пире за секаква комбинација…

 
  • 1/2 кг компир
  • 4-6 моркови
  • 1 кромид
  • 2 големи лажици сенф
  • сол и бибер според вукс
  • семки од тиква и сончоглед
 

1. Кромидот се сецка и се пропржува на масло за готвење

2. Компирите се варат на вообичаен начин, а исто и морковот.

3. Сварените компири и моркови се толчат со помош на алатка за пире и се додаваат во тавчето со кромид.

4. На крај се додава сенфот и пирето се зачинува според вкус.

5. Како декорација, но и дополнителна доза на минерали и здрави масти се додаваат семки од тиква и сончоглед.