Крем супа од тиквички

Зелените тиквички се огромен извор на витамин Ц. Најчесто тиквичките ги јадеме зготвени, па се губи голем дел од витамините. Со овој рецепт ќе зачувате најмногу витамини, одзема многу малку од вашето време, а добивате прекрасна крем супа од само две состојки. А најдобрата работа е што супата е превкусна и топла и ладна.

 
  • 2 средни млади тиквички
  • 1 голема главица кромид
  • свеж босилек
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол, бибер
 

1. Тиквичките се сецкаат крупно, а исто и кромидот.

2. Се зоврива вода и тиквичките заедно со кромидот се ставаат на решетка за барење, доволни се 10 минути или додека да омекнат. Проверете со вилушка.

3. Во блендер се ставаат обарените тиквички, кромидот, десетина листови свеж босилек, сол и бибер според вкус, неколку лажици ладно цедено маслиново масло и залева со водата која ја користевме за барење, околу 250 мл.

4. Се блендира на најголема јачина додека да се добие посакуваната конзистенција. По потреба додатете течност.