Бургер со тиквички

Домашен бургер е одлична замена за оние комерцијалните. Убав е и кога ќе се излади, па затоа можете слободно да си го спакувате како оброк за на работа/факултет/училиште. Сепак, сметајте да го конзумирате барем 3 часа пред вашиот тренинг. 

 
  • 250г мелено месо
  • 1 рендана тиквичка без средниот дел
  • 1 мек дел од кришка леб
  • 1 јајце
  • 2 чешниња лук (стиснато)
  • 100г кашкавал
  • 100г брашно
  • сол и бибер
 

Подготовка

1. Тиквичката се ренда, се соли и се исцедува од течноста.

2. Сите додатоци се мешаат со месото и се смесата замесува. 

3. Се формираат 3 бургери кои што се печат на тефлонско или керамичко тавче, а може и на скара.

4. Бургерот се гарнира со зеленчуци по желба.