Is sugar the next tobacco?

Горка коцка шеќер

Предавање во кое сите карти се отвараат. Економската причина која остава енормно голем импакт, и нутриционистичко – биохемиската која објаснува зошто простите шеќери се демонот на цела планетарна популација. Нешто повеќе за „фруктосификацијата“ на општеството, поготово во Америка кое остава голема трага насекаде низ светот. Ендокринологот без влакна на јазикот и човекот кој има намера нешто да промени со тоа што гласно ја лае горката вистина..

Др. Роберт Лустиг е педијатриски ендокринолог на Универзитетот во Сан Франциско. Во мај 2009 година тој го одржува предавањето “Sugar: The Bitter Truth” каде ги вади на виделина сериозните последици кои ги нанесува хроничното внесување на фруктоза (особено кај децата) споредувајќи го овој рафиниран засладувач со етанолот.

Доколку имате 90 минути слободно време, заинтересирани сте што бутате со мајонезите, соковите и се останато, а притоа ју спик инглиш слушнете нешто што 3,2 милиони други го слушнале на ЈуТјуб.