Немаштијата во јукстапозиција со изобилието на една нација

Гладните за моќ наспроти гладните за храна, како изгледа да си седнат и од двете страни…

 

Вака било во антички Рим, вака е и денес во некои земји. Двајцата фотографи и вљубеници во храната, Хенри Харгривес и Кејтлин Левин, на иста маса ја прикажуваат вечерата на моќните во споредба со она што вечера просечниот граѓанин.

Галеријата е направена по подолго истражување на исхраната на антички Рим и Египет, Франција пред револуцијата, но и на современите Северна Кореја и САД. „Сакавме и буквално и фигуративно да седнеме на трпеза и да фрлиме поглед како тоа изгледа кога се има во изобилие и кога се нема ниту трошка.“ -велат авторите

 

Сиромашните освен што јаделе и јадат далеку помали количини на храна, нивната исхрана се засновала на зеленчук и житарки. Месото од друга страна отсекогаш било резервирано за „елитата“.

Живееме во време на епидемија поврзана со прекумерена тежина, а сепак 925 милиони луѓе (целата популација на САД, Канада и ЕУ заедно) гладуваат. Овој факт говори за огромниот дисбалас што постои во светот. Најмалку што може да направи секој од нас е да биде благодарен за топлата вечера што ќе ја добие, бидејќи истата за некого е привилегија.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија